Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Иран до САД, Велика Британија и Франција: Не мешајте се, инаку ќе страдате многу

Иран од вчера со ракетен гнев одговори на крвавата израелска офанзива. Војната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иран од вчера со ракетен гнев одговори на крвавата израелска офанзива. Војната влезе во нова, според познавачите, најопасна фаза досега. Во централен Израел, една ракета удри директно во станбен објект, убивајќи две лица и повредувајќи деветнаесет. Израелските медиуми известуваат за експлозии во Тел Авив, Ерусалим, Хаифа.

Во меѓувреме, Дмитриј Генделман, советникот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, изјави дека Израелските одбранбени сили ќе го прошират обемот на својата воена операција против нуклеарната програма на Иран. Израелската армија соопшти дека воздухопловните сили работат на пресретнување на ракетите.

Тука сме на место на уништување и рушење во средината на Рамат Ган, цивилна област која беше нападната од иранскиот режим, и уништи многу згради и повреди невини цивили кои седеа во своите куќи јадејќи ги своите шабатски оброци, и одеднаш проектил ја погоди нивната куќа и некои од нив беа повредени, некои од нив се заробени и ние сме тука да ги спасиме и извлечеме“, изјави Јоси Гривер, командант на израелскиот фронт.

Реклама

Иран ги предупреди САД, Велика Британија и Франција дека нивните воени бази и бродови во регионот би можеле да бидат цел доколку трите земји му помогнат на Израел во конфликтот со Техеран – објавија иранските медиуми.

Премиерот на Израел Нетанјаху кој за време на нападите имал телефонски разговор со американскиот претседател Трамп, во своето претходно обраќање до нацијата, испрати порака до иранскиот народ и рече дека се наоѓаат во средината на една од најголемите воени операции во историјата.

Исламскиот режим, кој ве угнетува речиси 50 години, се заканува да ја уништи мојата земја, Државата Израел. Целта на воената операција на Израел е да се отстрани оваа закана — и нуклеарната закана и заканата од балистички ракети за Израел. И додека ги постигнуваме нашите цели, ние исто така го расчистуваме патот за вас да ја постигнете вашата цел, а тоа е слободата“, изјави Бенјамин Нетанјах, премиерот на Израел.

Директорот на израелската служба за итна помош, Ели Бин, потврди дека неколку лица сè уште се под урнатините а една жена е во критична состојба.

Сирените за воздушна опасност не стивнуваат. Ерусалим, Тел Авив, Ашдод, Хаифа – градовите на Израел се во состојба на полувоена блокада.

Не знам. Трчавме кон паркингот, и се спуштивме пет ката под земјата. Решивме само да останеме ниско. По неколку минути, слушнавме многу голема експлозија, сè се тресеше, чад, прашина.

Во меѓувреме според иранските медиуми, во Техеран се слави и народот е горд.

Американскиот претседател Трамп вчера свика состанок на својот Совет за национална безбедност за да разговара за операциите на Израел. На неговата социјална мрежа Truth Social Трамп нагласи дека е свесен за плановите на Израел и дека „има уште многу од тоа што доаѓа“. Во исто време, ја претстави ситуацијата како втора шанса за Иран да постигне договор за ограничување на својата нуклеарна програма.