Реклама

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Македонија

Интензивно се работи на регулацијата на реката Брегалница во Делчево

Со забрзано темпо се изведуваат градежните активности на проектот за регулација на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со забрзано темпо се изведуваат градежните активности на проектот за регулација на речниот тек на реката Брегалница во Делчево, на потегот од градската црква до градскиот базен.

Според градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, моментално се работи на чистење, продлабочување и зацврстување на коритото на реката, како и на изградба на потпорни ѕидови и уредување на кејот. 

-Со овие активности ќе се подобри заштитата на овој дел од градот од можни поплави, а истовремено ќе се создаде уреден и безбеден простор за движење и рекреација на граѓаните, истакна Трајковски.

Реклама

-Овој потег е дел од вкупниот проект за регулација на реката Брегалница низ централното градско подрачје. Со тоа Делчево ќе добие современ, урбан и уреден изглед на речниот кеј. Со проектот продолжуваме да инвестираме во капитални зафати кои го менуваат ликот на градот и го подобруваат квалитетот на живот на сите граѓани, додаде Трајковски.

Проектот претставува еден од позначајните инфраструктурни зафати во последните години во Делчево и се реализира со цел трајно решавање на проблемите со поплави и подобрување на урбаната инфраструктура во централното градско подрачје.