Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Институциите не толерираат компромис: Собранието ќе ја разгледа одговорноста на Димитровска

Одговорноста за зачувување на кредибилитетот и интегритетот на институциите е основен приоритет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одговорноста за зачувување на кредибилитетот и интегритетот на институциите е основен приоритет и обврска која не дозволува компромиси. По недавните настани кои се поврзани со претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, Кабинетот на претседателот на Собранието изјави дека доколку судската постапка ги потврди наводите, претседателот на Собранието ќе иницира соодветна процедура за разрешување без двоумење.

Претседателот на Собранието, почитувајќи ја презумпцијата на невиност и независноста на судските органи, се воздржува од какви било предвремени изјави. Клучен приоритет останува да се овозможи на надлежните институции да ја завршат својата работа без надворешни притисоци. Сепак, ако наводите се потврдат во судска постапка, претседателот на Собранието ќе преземе соодветни мерки и ќе иницира собраниска процедура за разрешување.

Поранешната претседателка на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, во денешната изјава за медиумите нагласи дека случајот нанесува сериозен удар на Комисијата и дека претседателката треба да поднесе оставка, бидејќи продолжува да ја компромитира институцијата. Според Ивановска, сега е ред на законодавниот дом да преземе одговорност, бидејќи пред него одговараат и претседателката и членовите на Антикорупциската комисија.