Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Институции и над 800 експерти ќе ги подготват преговарачките позиции на Македонија

Процесот на проширување на Европската Унија не е блокиран, тој е жив,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Процесот на проширување на Европската Унија не е блокиран, тој е жив, а над 150 институции и 800 експерти ќе ги подготвуваат преговарачките позиции на Македонија. Првиот човек задолжен за преговарање со ЕУ, Муртезани на отчетот за сработеното  – Една година Влада – порача дека државата покажала подготвеност за преговори со Европската унија и уште еднаш посочи дека Македонија не се плаши од никакви барања, туку истите да не станат билатерални и да се претворат во блокади.

„Едно можам со сигурност да кажам. Се што води кон насока на дијалог кој што ќе значи предвидливост на процесот на преговори, за нас е добредојдено. И премиерот лично и владата во неколку наврати сме изразиле подготвеност да го почнеме тој процес на дијалог кој што ќе води до откочување на прцесот. Ние како Влада не се плашиме ниту од Бугарија ниту од сите останати европски членки меѓутоа тие нови барања да не бидат билатерални и да не се претворат во блокади“, изјави Орхан Муртезани – министер за европски прашања и главен преговарач со ЕУ.

Како клучен инструмент за напредок на државата, министерот го посочи Планот за раст и Реформската агенда, преку кои се обезбедени финансиски средства од фондовите на ЕУ и поддршката за реформи. За периодот од една година Влада – ревидирана е преговарачката структура, а истовремено земени се во предвид новините во пристапните преговори – Министерството за европски прашања ја превзема централната координативна улога во националниот систем за координација на процесот на интеграција. Европските средства, според Муртезани не се под закана.

Реклама

Не се  под закана европските средства тие ќе бидат под закана ако ние во дополнителниот рок од 12 месеци не ги успешно извршме овие реформи. Тоа значи во јуни 2026 ќе ги изгубиме, до тогаш тие ќе бидат на располагање откако ќе помине формално извештајот и ќе имаме појасна слика“, изјави Орхан Муртезани – министер за европски прашања и главен преговарач со ЕУ.

Во моментов се координира ревидирањето на инвестициските проекти во рамки на Инструментот за реформи и раст, со листа од 19 проекти во вредност од 1,1 милијарда евра. Се подготвува и Академија за Европската Унија. Муртезани е дециден – реформската агенда е заштитена од секакви злоупотреби и корупција. Во однос на преводот на правото на ЕУ, за следната година обезбедени се дополнителни 35 милиони денари, а со поддршка од Европската комисија започнат е и пилот проект за користење на вештачка интелигенција за превод – Македонија е прва во регионот што започнува со ваков напреден процес.