Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Инспекторите испитуваат како починале пациенти во штипската и другите болници од коронавирусот

Се уште е неизвесно дали  некој ќе сноси одговорност, за смртта на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се уште е неизвесно дали  некој ќе сноси одговорност, за смртта на 41-годишната беровчанка како последица од ковид 19, за која семејството тврди дека не добила соодветен медицински третман. Заврши вонредниот инспекциски надзор на инфективното одделение во штипската клиничка болница. Од државниот санитарен и здравствен инспекторат  информираат дека независно од Комисијата, ДСЗИ до министерот за здравство  ќе иницира стручен надзор над работата на здравствената установа и здравствените работници во  врска со третманот на пациентката. На директорот на болницата му е наредено веднаш да се состани Комисијата за следење на квалитетот и во рок од три дена писмено да го извести ДСЗИ за наодот од извршената контрола на комисијата , информираат од државниот санитарен инспеторат.

Смрта на 41годишната беровчанка  и тврдењата на нејзината ќерка дека мајка и не можела да воспотави контакт со медицинските лица за да и донесат кислород на нозе ја крена јавноста. Таа вчера за Алфа изјави дека е фрапирана од фактот дека една телефонска линија истовремено користат и пациентите и семејствата на хоспитализираните.

  • Јас не сакам никој да сноси одговорност, бидејќи нема да ја вратат мајка ми, ниту пак сите други изгубени, ама може да смениме нешто за тие што допрва ќе бидат таму или што сега се таму .Се надевам дека ќе им овозможат еден единствен телефон и кога некој од пациентите ќе ги побара за вода или кислород ќе се јават и ќе бидат достапни за нив-изјави вчера Михаела Довичинска.

Од болницата информираат дека одделението има две линии еднаа за контакт со сестрите, а друга за контакт со лекарите, а од вчера во употреба се пуштени уште две телефонски линии.  

Реклама

   Опозицијата на неколкупати алармираше дека болницата се соочува со недостаток од кислород, но раководството ги отфрлаше ваквите тврдења објаснувајки дека само минатиот месец се потрошени 16тони и во ниту еден момент пациентите не се оставени без кислородна поддржка.

Дали смрта на 41годишната жена настанала како причина поради недостаток од кислород или соодветно не била третирана, ќе се знае но откако ќе бидат изготвени извештаите. 

Александра Ристевска