Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Прилози

Инфраструктурен напредок: Македонија претворена во големо градилиште – нови патишта и пруги

Во две недели пуштени во употреба два експресни патни правци, а на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во две недели пуштени во употреба два експресни патни правци, а на секоја страна од државата се работи на подобрување на инфраструктурата. И  во новата  година продолжија засилените градежни активности кои министерството за транспорт ги започна лани.

Следно на агендата, за неколку денови треба да биде пуштена во употреба првата фаза од пругата кон источниот сосед. Куманово – Бељаковце  во должина од 31 километар ќе стане функционална после 11 години од поставувањето на камен – темелникот кај Клечовскиот мост , смена на изведувач и неколку анекси.  Годинава треба да се пушти во употреба и дел од автопатот кој достигна историски висока сума. Најавата е дека со стартот на летната сезона ќе се пушти во употреба дел од Кичево – Охрид, автопат кој се гради 10 години и достигна 600 милиони евра. Рокот за сите 57 километри е до 2026 – та година. И тука се пролонгираа работите, а причина за последното одложување на рокот беа 13-те нови свлечишта што се појавија на трасата. Новата Влада ги одглави работите, ја забрза градбата и експропријацијата  се одвива со забрзано темпо. Во следниот период ќе се одбере и изведувач за трасата од Кичево – Букојчани.  

Ние сме земја која нема излезе на море, и тоа е недостаток, но она кое ние го имаме другите Балнкански земји го немаат, ние сме ртаскрсница на Коридор 8 и Коридор 10, рече Премиерот Мицкоски.

Реклама

Со засилено темпо се работи и на коридорите 8 и 10 д. Владата успеа да ги откочи закочените процеси со кознорциумот Бехтел и Енка и конечно после шарените експлозии кои ги правеше минатата Влада и помпензите најави, се видоја градежни активности. Рокот за изградбата на вкупно 110 километри на четирите делници е 2027 . Треба да се завршат Тетово – Гостивар во должина од 17, 5 километри, Гостивар – Букојчани 30,3 километри, Требеништа – Струга – Ќафасан 21,7 километри , а на Коридор 10 д се работи на автопатот Прилеп – Битола во долѓиуна од скоро 40 километри.,

Треба да се избере и изведувач за ввториот дел од Скопје – Блаце. Комплетирана е само првата фаза, два километри пат, кои не завршуваат никаде, а  Дополнително има сомневања за криминал за одбраната траса.  Обвинувањата се дека поранешни функционери на ДУИ станале нови газди токму на имотите кои требало да се експроприраат.