Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Инфо-ден за програмата „Еразмус+“ утре во Струга

Општина Струга преку Одделението за меѓународна соработка и европски фондови утре организира…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Струга преку Одделението за меѓународна соработка и европски фондови утре организира инфо-ден за програмата „Еразмус +“, наменет за основните и средните училишта на територијата на општината.

Целта на настанот, како што соопшти Општина Струга, е зајакнување на капацитетите на образовните институции и поттикнување на нивното активно учество во програмата „Еразмус +“, како и подобро искористување на можностите за ученици и наставен кадар.

Инфо-денот, според информацијата, ќе се одржи во „Европа хаус“ – Струга.