Реклама

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Прилози

Индија го нападна Пакистан, светот стравува од нуклеарен судир

Светот на работ на нова голема војна, Индија го нападна Пакистан. Ескалираа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Светот на работ на нова голема војна, Индија го нападна Пакистан. Ескалираа тензиите меѓу нуклеарно вооружените соседи. Индија испука ракети на повеќе локации. Бројот на жртви надмина 30, меѓу нив има и цивили, ова е воен чин порача лидерот на Пакистан.

Ескалацијата следува по масакрот на туристи што минатиот месец се случи во делот на Кашмир контролиран од Индија. Њу Делхи го обвини Исламабад за поддршка на милитантите.

Индија соопшти дека уништила инфраструктура поврзана со милитантите, а Пакистан тврди дека соборил неколку борбени авиони.

Реклама

„Во џамијата на полицијата Ахмед Субан, која беше цел, се случија четири напади во кои беа убиени пет невини Пакистанци, вклучувајќи едно 3-годишно девојче, двајца постари мажи и две жени, а 31 беа ранети. На овој кукавички, неоправдан чин на непријателот ќе одговори силно пакистанската армија, одговарајќи со поддршка на пакистанската нација“, Ахмед Шариф Чаудри, портпарол на пакистанската армија.

Воздухопловните сили на Индија тврдат дека доколку Пакистан одговори на нападот ситуацијата ќе ескалира.

„Ниеден воен објект не беше цел на нападот. Индија покажа значителна воздржаност во својот одговор. Сепак, мора да се каже дека индиските вооружени сили се целосно подготвени да одговорат на пакистанските напади, доколку ги има, што ќе ја ескалира ситуацијата“, Вјомика Синг, командант на крилото на индиските воздухопловни сили.

Светот со повици за деескалација помеѓу двете држави.

“Претпоставувам дека луѓето очекуваа нешто да се случи, со оглед на минатото. Тие се борат веќе долго време. Само се надевам дека брзо ќе заврши”, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

“Кина се спротиставува на сите форми на тероризам ги повикуваме Индија и Пакистан да дејствуваат во интерес на мирот и стабилноста”, изјави Жао Лиџијан министер за надворешни работи на Кина.

И аналитичарите ја оценуваат ситуацијата меѓу соседите вооружени со нуклеарно оружје како „загрижувачка“.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, со порака „светот не може да си дозволи воена конфронтација“ меѓу двете земји, тој повика на максимална воена воздржаност од двете земји“.