Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Индија: Авион со 242 патници се урна по полетувањето кон Лондон

Најмалку 30-тина загинати во авионска несреќа во Индија. Авион на „Ер Индија“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најмалку 30-тина загинати во авионска несреќа во Индија. Авион на „Ер Индија“ со над 240 патници изутрината се урна во индискиот град Ахмедабад на пат за Лондон. Од интернационалниот аеродорм велат дека контролорите по само неколку секунди од полетувањето на авионот го изгубиле контактот, а авионот потоа експлодирал. Од Министерството за надворешни работи на Велика Британија велат дека формирале кризен тим во британскиот и индискиот главен град за да им помогне на погодените од несреќата.

„Знаеме дека британски државјани беа во авионот и можам да потврдам дека Министерство за надворешни работи на Велика Британија итно соработува со локалните власти за поддршка на британските државјани и нивните семејства и формираше кризен тим и во Делхи и во Лондон“ вели Дејвид Лами, министер за надворешни работи на Велика Британија

Индиските власти стравуваат дека бројот на жртви ќе расте. Во авионот имало 169 индиски државјани, 53 Британци, седум португалски државјани и еден Канаѓанец. По несреќата на социјалните мрежи се огласи и британскиот премиер Кир Стармер, велејќи дека сцените од падот на авионот биле „разорни“.

Реклама

„Сцените што се појавија од падот на авионот на пат за Лондон, кој превезуваше многу британски државјани, во индискиот град Ахмедабад се разорни. Моите мисли се со патниците и нивните семејства во ова длабоко вознемирувачко време“ пишува Кир Стармет, премиер на Велика Британија

Според веб-страницата на Боинг, авионот што се урна беше Боинг 787 Дримлајнер, двомоторен широк трупен авион. Моделот има направено повеќе од пет милиони патувања во 14-те години од својот прв патнички лет. Оваа несреќа повторно ги става во фокус безбедносните проблеми на „Боинг“ кој со години е под лупа поради бројни технички и производствени грешки.

Давид Крстевски