Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Илинденски свечености во Австралиско-сиднејската епархија

Низ сите црковни општини на Австралиско-сиднејската епархија достоинствено и молитвено беше одбележан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Низ сите црковни општини на Австралиско-сиднејската епархија достоинствено и молитвено беше одбележан големиот празник – Илинден.

Од Австралиско-сиднејската епархија информираат дека во сите храмови биле отслужени свети литургии, на кои беше прочитано Илинденското послание на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

– Во својата порака тој истакна дека трите Илиндени – 1903, 1944 и 1991 година – се сведоштво за историскиот континуитет на Македонија и за стремежот на македонскиот народ кон слобода и државност. Притоа потсети дека „слободата не е трајно стекнато право, туку вредност што мора постојано да се брани и зачува“, повикувајќи го народот да се врати кон верата, правдата, честа и достоинството, се наведува во соопштението.

Реклама

По светите богослужби, во сите црковни општини биле организирани пригодни духовни, културни и забавни програми, на кои бројни верници заеднички го прославиле големиот празник.

– Со свечените академии, културно-уметничките настапи, народните веселби и братските трпези уште еднаш беше потврдено дека македонските православни цркви во Австралија се живи чувари на православната вера, македонскиот идентитет, јазикот, културата и илинденскиот завет, велат од Австралиско-сиднејската епархија на МПЦ-ОА.