Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Илиевски: Во четиригодишниот мандат реализиравме повеќе од 100 проекти, на ред е детска градинка и спортска сала

Во општина Брвеница се реализирани над 100 проекти, посочи денеска на прес-конференција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во општина Брвеница се реализирани над 100 проекти, посочи денеска на прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ градоначалникот на општина Брвеница Јовица Илиевски.

Во овој мандат успеавме да ја направиме општина Брвеница најтранспарентна општина во Полошкиот регион и меѓу најдобрите во државата.

Во овој период успеавме да ги реновираме скоро сите училишта во општината.

Реклама

Водоводната мрежа ја зголемивме за над 6000 метри, канализационата мрежа за 9000 метри со сопствени средства и со помош на Јавното претпријатие. Во Брвеница е во функција нов бунар за вода, што го решивме проблемот за Брвеница и Седларце со водоснабдувањето.

Поставена е нова урбана опрема во сите населени места, нови терени со вештачка трева, детски игралишта и автобуски постојки.

Во делот на патната инфраструктура до крајот на мандатот ќе бидеме меѓу ретките општини што во целост ќе ја комплетираат патната инфраструктура.

Ги помагаме спортските клубови во општината. Во тек се уште неколку проекти, за кратко време ќе започнеме со изградба на спортска сала во вредност од 800.000 евра и детска градинка, со што ќе се реши проблемот за сместување на децата во детските градинки.