Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Илиевски: СДСМ бара одговорност од Тошковски поради нарушената безбедност и пропустите во Кочани

Опозициската СДСМ обвинува за влошена безбедносна состојба во земјава, барајќи итна оставка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Опозициската СДСМ обвинува за влошена безбедносна состојба во земјава, барајќи итна оставка од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Според нив, серијата инциденти во последниот период биле показател за “целосниот колапс на безбедносниот систем и неспособноста на институциите да ја гарантираат сигурноста на граѓаните”.

„Тешката трагедија во Кочани, која ја потресе целата република, во која животот го загубија 59 млади луѓе, а околу 200 беа повредени, ги разоткри пропустите во институциите и колапсот на безбедносниот систем. Затоа, потребна е одговорност од врвот на МВР и БЈБ, без селективност за оние кои имаат најголема вина. Очигледно е дека нешто не е во ред со безбедноста во државата, а за тоа се молчи. Мора да има и законска и морална одговорност.

По трагедијата во Кочани, продолжи серија на безбедносни инциденти – пукање со огнено оружје, убиства, сообраќајни несреќи и прегазени луѓе на улиците“ истакна потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски, на денешната прес-конференција од седиштето на партијата.

Реклама

Од СДСМ нагласуваат дека безбедноста на граѓаните е доведена во прашање, а серијата несреќи кои се случиле низ државава од различен тип и карактер само ја задлабочува кризата во јавната безбедност.