Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

ИЈЗ објави препораки за заштита од топлото време поради најавата за високи температури од утре до 7 август

Избегнување директно изложување на сонце и активности на отворено во периодот од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Избегнување директно изложување на сонце и активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, заштитни очила и светлобојна капа, останување во затворени и климатизирани простории, при престој на отворено во тој период да се прават чести одмори под сенка, да се внесува умерена количина храна, да се избегнува масна и висококалорична храна, како и храна која содржи голема количина шеќер, да се внесува доволно вода и минерални безалкохолни пијалаци без да се чека да се почувствува жед, да се избегнува алкохол, пијалаци што содржат кофеин и такви кои се многу студени, се дел од препораките за заштита од топлото време кои денеска на својата веб страница ги објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) поради најавата од Управата за хидромететоролошки работи (УХМР) за очекувани високи максимални дневни температури од утре (1 август) до 7 август.

Ранливите групи кои ги опфаќаат лицата над 60 години, бремени жени, деца, социјално ранливи, работници на отворено, како и тие со хронични заболувања (кардиоваскуларни болести, невролошки, белодробни и бубрежни болести, шеќерна болест, ментални болести, дебелина и лица под терапија која го зголемува мокрењето), потребно е да бидат посебно дисциплинирани по однос на овие препораки и да ја земаат својата редовна терапија. За сите промени во здравствената состојба, задолжително да го консултираат својот матичен лекар.

Од Институтот препорачуваат и затворање прозорците и ролетните во текот на денот и нивно отворање навечер, кога температурата е пониска, кога сте во паркирано возило да се отвори прозорецот со цел да овозможи вентилација и да не се остава никого во возилото, неопходно е туширање со млака вода по потреба, а за дополнително разладување да се ставаат ладни облоги или да се потопат стапалата во студена вода.

Реклама

Доколку се јави чувство на зашеметеност, слабост, вознемиреност или имаат интензивна жед и главоболка, треба да се побара помош, да се оди во постудено место колку што е можно побрзо и да се измери телесна температура, треба да консумира вода или негазиран минерален пијалак, ако се има болен мускулен грч, најчесто во нозете, рацете и стомакот, потребен е одмор на студено место и консумирање течност која содржи електролити. Лекарска помош е потребна ако топлотните грчеви траат подолго од еден час.

Ако некој член од семејството или лице на кое му се помага, има топла и сува кожа, грчеви и/или е во бессознание, веднаш да се повика 194 или 112, а додека се чека Итната медицинска помош треба да се префрли на студено место и да се стави во хоризонтална положба со подигнати нозе над 20 см висина, да се отстрани гардеробата, да се воспостави надворешно ладење, како студени облоги на вратот, пазувите и слабините, постојано да се разладува и прска кожата со вода, да не се дава терапија, ако лицето е во бессознание, да се постави во бочна положба. Ако се почувствуваат невообичаени симптоми/знаци, или ако тие траат подолго потребна е консултација со својот доктор, стои во препораките од Институтот за јавно здравје од каде упатуваат апел до граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита и претпазливост за време на високи температури. 

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најави дека под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 32 степени, а во некои места ќе надмине 40 степени. Високи температури ќе се задржат и во текот на вечерните и ноќните часови.