Реклама

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Македонија

Игор Стојанов и Али Февзи – хумани дедомразовци, самоиницијативно ги радуваат од ранливите категории семејства секоја година

Скопски бебер со традиција и работник од кривипаланечкиот рудник Булмак, пред Новогодишните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопски бебер со традиција и работник од кривипаланечкиот рудник Булмак, пред Новогодишните празници стануваат Дедо Мразовци и со свои пари купуваат и делат пакетчиња за ранливите категории дечиња.

45 годишниот Игор Стојанов од Крива Паланка по традиција посетува социјално загрозени семејства.

 Во трошната куќа на семејството Младеновски со осум дечиња, тој се потсети на своето несреќно детство.

Реклама

Како едно месечно сираче израснато од мајка која едвај врзувала крај со крај, Стојанов се потсетува на детската среќа за чоколада и играчки, па сега неговата мисија е да израдува што повеќе дечиња, оноколку колку што може.

Хуманата мисија на Стојанов ја дели и берберот од скопски аеродром Али Февзи. Во неговиот дуќан кој постои уште од 86-та, доаѓаат социјално загрозени родители  и дечиња за да си подигнат новогодишно пакетче. Оваа година собрал донации од 600 пакетчиња, а хуманата акција ја прави повеќе години. Новогодишните празници треба сите да ги дочекаме среќни и весели и да сме обединети, радоста не препознава вера и нација, вели фризерот Февзи.

Општествено одговорни компании му помогнале со донации, а тој повикува граѓаните масовно да се приклучат кон вакви акции за да им се разубават празниците на сите дечиња.

Дуќанот на Февзи сведочи за спомени стари повеќе децении. Тој го наследил занаетот од неговиот татко, а татко му, пак, од неговиот дедо. Освен улогата на хуман Дедо Мраз, тој важи за голем хуманитарец, во поширока смисла – веќе препознатлив кај народот.  За катастофалниот земјотрес во Турција, тој беше главен организатор на хуманите акции што се испратија од земјава за што се закити со државната награда „Мајка Тереза“.

Игор и Али. Најголемите Дедо Мразовци на целиот свет, се од Македонија. Во рацете немаат пакетче за секое дете во земјава, но двајцата ја делат истата желба. Народот и компаниите масовно да се вклучуваат во хуманитарни акции за подобро утре на сите.