Реклама

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Економија

Идната недела ќе се одржи состанокот со Македонската банкарска асоцијација за унгарскиот кредит

Премиерот Христијан Мицкоски очекува во втората половина од идната недела да се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски очекува во втората половина од идната недела да се одржи состанок со Македонската банкарска асоцијација за унгарскиот заем. Тој ќе настојува да присуствува на состанокот „за да го каже тоа што мисли дека треба да го каже“.

Одговорајќи на новинарски прашања по увидот во градежните работи на три делници кај Велес, Мицкоски нагласи дека компаниите нема да имаат поголем трошок од оној што веќе бил кажан.

-Компаниите нема да имаат поголем трошок од тој што го кажавме. Министерката е на пат за Скопје, денеска се враќа од Брисел каде имаше серија состаноци. Но, важно е да се каже дека откако ќе дојде, очекувам во текот на следната недела, во втората попловина, да имаме состанок со Македонската банкарска асоцијација. Ќе инсиситрам и јас да бидам таму, да го кажам тоа што мислам дека треба да го кажам, рече Мицкоски.

Реклама

Пред три дена, премиерот во изјава за медиумите рече дека парите од унгарскиот заем се стигнати, но уште се преговара со комерцијалните банки околу тоа каква би била обрвската на државата кон нив. Домашните компании, подвлече и тогаш Мицкоски, ќе ги добијат средствата под истите услови под кои беа земени.