Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

И животните на удар од топлотниот бран – да бидат соодветно згрижени, со доволно свежа и чиста вода

По најавата на УХМР за топлотниот бран што ќе ја зафати земјата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По најавата на УХМР за топлотниот бран што ќе ја зафати земјата во наредните денови, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) предупредува дека на удар се и животните поради што е неопходно нивно соодветно згрижување. 

Според АХВ, доколку животните се држат во несоодветни услови, кога температурите се исклучително високи, во објекти со висок процент влага и недоволна вентилација, може да дојде до топлотен удар. Сончаницата, пак, се појавува како последица на непосредно, директно изложување на сончево зрачење. И во двата случаи исходот може да биде фатален ако не се дејствува навреме и доколку животните се изложуваат на напорната работа или се транспортираат при високи температури.

– Порастот на температурите претставува стрес за секое животно, а може да се манифестира со намален апетит, послабо внесување храна, зголемена потреба за вода, намалено производство на млеко и слаб прираст. Забрзано и плитко дишење, несигурен од (тетеравење), изразена зголемена телесна температура, забрзан пулс, исплашен поглед, зголемена жед, тикови и грчеви на мускулите, кои се јавуваат на крајот, со неповолна прогноза, се дел од симптомите по кои може да се препознаат топлотниот удар и сончаницата кај животните за што е неопходна итна реакција – велат од АХВ за МИА.

Реклама

Во вакви услови, додаваат, животното треба да се смести во ладовина или во разладена просторија, каде што има доволно свеж воздух, да му се даде доволна количина свежа вода, телесната температура да се намали со туширање/прскање со умерено ладна вода или со покривање на главата и вратот со ладна и влажна крпа, но треба да се внимава ладењето на животното да не биде премногу брзо.

Од АХВ предупредуваат домашните миленици да не се оставаат во затворени автомобили, кои се директно изложени на сонце, ниту да се изнесуваат на прошетка во најтоплиот период од денот. Сопствениците да им обезбедат доволна количина, постојано свежа и чиста вода, како и престој во проветрени простории.

– На фармите да се внимава на населеноста (густината) на сместување на животните во објектите. Животните треба да бидат заштитени од директните дејства на сончевите зрачења, на испустите треба да има натстрешници или природни ладовини. Излегувањето на животните да биде во раните утрински или вечерни часови, периоди кога треба да се организира и транспортот на животните или да се користат за работа бидејќи тогаш температурите се пониски – препорачува АХВ