Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Економија

И родилките на протест: „ Дa не дозволиме од нас да направат социјални случаи“

Со протест во сите градови во земјава, околу 1500 мајки кои во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со протест во сите градови во земјава, околу 1500 мајки кои во моментов се на платено породилно отсуство со своите бебиња ќе излезат на улица,само така велат ќе допрат нашите барања до надлежените во министерството за труд и социјала. Доведени сме во крајно незавидна ситуација, мора да тргнеме на работа, а нема каде да ги оставиме децата. Градинките работат со намален капацитет согласно препораките од Комисијата за заразни болести,групите се веќе формирани, никаде не се примаат нови деца. Многу од нас велат,се соочуваат со притисоци за враќање на работа од една страна, а од друга страна не се нуди никако решение.

Од градинкиве искрено да Ви кажам се доведени до таа ситуација да ни кажуваат дека ако сакаме детето да го запишеме треба да си фатиме врски затоа што листите за чекање се премногу долги, се чека и до година дена за да се запише детето.Значи можеш да си чекаш ако немаш врски никој не знае да ти каже кога ќе си го запишеш детето во градинка.Секој ден некоја нова мајка си дава отказ затоа што нема каде” – вели Ивана Смилеска.

Немаме сите финансиска можност за приватна градинка или ангажирање дадилка, иако и ова во услови на пандемија не е безбедно и препорачливо решение,додаваат мајките и бараат од ресорното министерство, продолжување на породилното отсуство се додека епидемиолошката состојба не дозволи проширување на групите во градинките. Согласни се дури за таа намена да примаат дури и помал наместок.Помеѓу мајките има и такви кои се самохарани и буквално сами, без ничија помош.

Реклама

И сега јас не знам ни самава што ќе правам.Ќе морам ако нема кој да ми ги чува децата да дадам отказ.После ќе треба да плаќам и кирија за станот, со кој пари ќе плаќам ни јас самата не знам” изјави Марија Шиникоска.

Да не дозволиме од нас да направат социјални случаи, вели Марија која доколку остане без работа ќе нема со што да ги прехрани децата. Најголем дел од нас немаат никаква опција за да го остават детето дома. Немаме сите слободни и присутни родители кои би го чувале.
Од министерство за трид и социјала им одговориме дека состојбата со градинките се следи на дневно ниво и дека се постапувало по строго предвидените препораки.Комисијата за заразни болести не дозволува зголемување на број на деца во воспитните групи. – стои во дописот од министерството за труд и социјала.


Росица Голабоска