Реклама
Прилози

И покрај обидите за злоупотреба, Кочани покажа зрелост – за градоначалник избра докторот што лечи и со дело, и со пример

Граѓаните на Кочани, избраа иднина на мир, единство и просперитет, наместо омраза…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните на Кочани, избраа иднина на мир, единство и просперитет, наместо омраза и поделби. Сплотени  и обединети, само така градот може да тргне по патот на развојот и напредокот, порача новоизбраниот градоначалник на Кочани, Владко Грозданов, од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Само еден час по затворањето на гласачките места Грозданов, прогласи убедлива победа. Со 1454 гласа повеќе го порази својот противкандидат-независниот Венко Крстевски.

„ Ова не е моја лична победа, ова е победа за сите нас. Нема да бидам градоначалник за поединци, ќе бидам градоначалник за сите. Нема да се делиме по партии, по националности. Од утре заедно продолжуваме сите кон нова иднина, кон нова светлост, кон подобро утре за Кочани, кон подобро утре за Република Македонија„ изјави новиот градоначалник на Кочани, Владко Грозданов.

Со изборот на Грозданов, кочанчани не дозволија да поминат обидите, предводени од опозицијата, пред се СДСМ и Левица, да ја злоупотребат  една од најголемите трагедии во поновата историја на Македонија-пожарот во кој загинаа 63 млади луѓе. Тие покажаа зрелост и спречија нивната болка и тага некој да ја искористи во политички цели.

Реклама

Во вториот круг од локалните избори,  во шесте општини на истокот, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ,  освои уште три градоначалнички места. Во Виница, со 1129 гласа повеќе, победи Митко Костадиновски, додека во Чешиново-Облешево, довербата од граѓаните ја доби Јорданчо Костадинов. Во Пробиштип, пак кормилото повторно го презема веќе искусниот Тони Тоневски. Тој беше градоначалник  во два последователни мандати. Го порази Драган Анастасов, од СДСМ, кој беше градоначалник на Пробиштип во изминатите осум години.

„ Среќен сум што конечно ВМРО-ДПМНЕ, повторно има свој градоначалник. Градоначалник на сите граѓани. Ќе ја оправдам вашата доверба. Ќе бидам прв што ќе се бори за сите убави работи што треба да му се случуваат на Пробиштип, во наредните четири години„ изјави Тони Тоневски, градоначалник на Пробиштип.

„Оваа победа сакам да ја посветам на сите мои сограѓани. Ова за мене е поттик за да работам силно и посветено, за иднината на општината. Ќе бидам сигурно успешен градоначалник„ изјави Јорданчо Костадиновски, новоизбраниот градоначалник на Чешиново-Облешево.

Во Зрновци, нов градоначалник е Ванчо Митев, од СДСМ кој победи со минимална разлика од само 12 гласа. Во Македонска Каменица, довербата од граѓаните  ја доби Соња Стаменкова, од СДСМ. Таа е единствената жена градоначалничка во источниот и југоисточниот регион.