Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Прилози

И покрај тоа што нафтата се стабилизираше, постои опасност цените да вивнат поради злоупотреба на кризата

Граѓаните стравуваат од нови поскапувања, експертите порачуваат трговците да се вразумат, зашто…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните стравуваат од нови поскапувања, експертите порачуваат трговците да се вразумат, зашто нема основ за вивнување на цените. Искуствата од досегашните кризи покажуваат дека производителите и дистрибутерите ги покачуваат цените на производите, а по стабилизирање на пазарот тие речиси и никогаш не ги намалуваат. Ковид пандемијата и почетокот на руско-украинскиот конфликт го оправдуваат стравот од нов бран поскапувања и злоупотреби од страна на трговците.

Компаниите живеат од профит. И на крајот од денот нив им е во интерес да ја качуваат цената на производите, да го билдаат со тоа профитот и при тоа да ги осиромашуваат граѓаните“, Иван Атанасовски, универзитетски професор.

Атанасовски смета дека причина за новите поскапувања ќе биде новата цена на дизел горивото. Но, превозниците тврдат дека нема инстант покачување на цените на превозот.

Реклама

„Цените во превозот не растат така брзо како што сметаат луѓето, бидејќи зависи од понудата и побарувачката. Доколку на пазарот, а веќе ги има многу повеќе возила кои што се празни отколку што има стока за превоз, така да сè е индивидуално“, изјави Биљана Муратовска од МАКАМ

Превозниците и експертите побараа мерки од страна на Владата. Превозниците бараат враќање на акцизата, а експертите европски искуства.

„Сепак не смеете да им навлезете во тоа што тоа се приватни компании, но она што имате механизам како држава да им ограничите, да дадете одредени субвенции за да помогнете на сопствените граѓани во случај да го издржат тој бран кој би следел“, изјави уиверзитетскиот професор, Иван Атанасовски.

„Она што треба да се направи е долгорочна стратегија, измени во законот за акциза, со цел да не се ограничува, односно да не се зголемува акцизата за превозите кои се вршат на комерцијална основа“, изјави Биљана Муратовска од МАКАМ

Според експертите, Македонија има одличен закон за „нефер трговски практики“, кој во оваа криза може одлично да се најде за ублажување на евентуалниот ценовен шок. Според економските анализи, на краток рок не треба да се очекува нов бран поскапувања.