Реклама
Прилози

И од најлошото може полошо: Што ја очекува Македонија со новиот премиер Талат Џафери?!

И од најлошото може полошо. Со Талат Џафери во Македонија ќе биде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И од најлошото може полошо. Со Талат Џафери во Македонија ќе биде полошо и од ова што сега се случува, порача лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. Според него потезите на поранешниот командант на УЧК, како претседател на Собранието, се најава дека лишите политики на оваа власт ќе продолжат и во наредните 100 дена.

-Тој е човекот кој што од самиот свој почеток па до самиот крај како претседател на Парламентот, како престседавач во македонскиот Парламент направи многу противуставни и противзаконски потези. Очекувам продолжение на лошите политики, иако можеби некогаш сме биле сите ние едногласни дека од ова полошо нема, тогаш мислам дека тоа е песимистички став, треба да сме оптимисти, мислам дека во овие 100 дена ќе биде полошо, изјави Мицкоски.

Мицкоски ги охрабри СДСМ и ДУИ да настапат заеднички на изборите. Според него тоа е природно партнерство со џцел осиромашување и крадење на македонските граѓани, во кое нема ништо европско.

Реклама

-Тоа е криминална коалиција која што себеси во алузија и во обид за дефокус се брендира како европска коалиција. Таму нема ништо европско освен тоа што можеби и заеднички се договараат како да го осиромашуваат и пљачкаат народот и државата. Тоа е интересот што ги спојува тие политички структури.л Ако гледаме себично од политички причини јас ги охрабрувам час поскоро да ја формираат таа коалицијата, уште утре ако може, изјави Мицкоски.

Мицкоски порача дека е сигурен дека СДСМ и ДУИ на осми мај ќе бидат жестоко поразени, а после во опозиција ќе треба да тргнат во фаза на реформи со нови луѓе во двете партии.

Матеја Петровски