Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Македонија

Христоски: Да го продолжиме развојот, нов капитален проект за секое населено место во Крушево

Да го продолжиме развојот, да ја зајакнеме општината и да обезбедиме подобар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Да го продолжиме развојот, да ја зајакнеме општината и да обезбедиме подобар живот за секој жител на Крушево, порача кандидатот за градоначалник на СДСМ, Томе Христоски, на средбата со жителите во селото Јакреново, информира денеска СДСМ во соопштение што МИА го пренесува интегрално.

Тој посочи дека во изминатите години, како во градот, така и во сите населени места, се реализирани бројни инфраструктурни и комунални проекти.

– Токму тука, во Јакреново, се чувствува промената. Во изминатиот период од осум години, вистински и суштински се спуштивме меѓу месното население и во секое населено место ги решававме проблемите на нашите сограѓани. Ние сме тие што го градиме Крушево и што го менуваме секој ден, затоа што граѓаните тоа го заслужуваат. Но имаме уште работа, да го довршиме она што сме го започнале или да направиме ново“ истакна Христоски.

Реклама

Христоски најави дека освен што ќе се завршат започнатите, во секое населено место ќе биде реализиран најмалку уште по еден капитален проект, кој ќе одговори на клучните потреби на граѓаните.

– Најавувам по еден капитален проект за секое населено место. Без разлика дали се работи за водоснабдување, реконструкција на училишта, изградба на водоводи и канализација или подобрување на пристапните патишта , сите тие проекти ќе бидат наш приоритет. Ние не се служиме со празни зборови, туку со конкретни проекти и конкретни дела, токму од терен,“ нагласи Христоски.