Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

Христијаните го прославуваат христовото раѓање- Божик

„Христос се роди, навистина се роди“ – овие зборови изутрината одекнаа во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Христос се роди, навистина се роди“ – овие зборови изутрината одекнаа во соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје. Храмот беше претесен да ги собере сите верници кои дојдоа на свечената божиќна литургија па со молитви, свеќи во рацете и света причест, православните верници го одбележаа еден од најголемите христијански празници, раѓањето на Исус Христос. Сите со исти желби и надеж за добро здравје, мир и благосостојба во своите домови.

Од македонската православна црква – Охридска архиепископија испратија пораки на национално и духовно обединување. Да постапуваме праведно, совесно и добродушно на местото каде што господ не поставил, да не се обехрабруваме и храбро да чекориме напред.

„По повод божиќните празнувања испраќам мир и благослов од бога до свештенослужителите, до монаштвото и до сите чеда на македонската православна црква. Ви благовестам голема радост која ќе биде за сите луѓе, денес се роди спасител кој е Христос, господ.

Реклама

Да постапуваме праведно, совесно и добродушно на местото каде што господ не поставил. Да не се обесхрабруваме од тоа што спротивните сили навидум не надвладуваат.“– вели отец Сашо.

Божиќ е празник на најголема радост. Се слави три дена. Божиќното утро почнува така што рано в зори се слушаат камбаните од православни цркви и храмови, се облекува свечена облека и се оди во црква на божиќна литургија, со молба кон Бога за здравје и бериќет. На овој ден, завршуваат и божиќните пости. Божиќниот ден традиционално се поминува во семејна атмосфера, во домовите на повозрасните, каде се собираат децата и внуците за да си посакаат среќа во текот на целата година. Божиќ останува симбол на надеж и радост, празник што го обединува народот и ги потсетува верниците на вистинските вредности како љубовта, мирот и слогата.