Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Христијан Мицкоски од ЕПП самитот: Потребна е силна и обединета Европа

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на Самитот на Европската народна партија (ЕПП)…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на Самитот на Европската народна партија (ЕПП) во Брисел. На Самитот на лидери кои се дел од семејството на ЕПП се дискутирале клучни прашања за иднината на Европа.

– Денес имав чест да присуствувам на Самитот на ЕПП, каде што заедно со истакнати лидери и претставници од Европа се дискутираа клучни прашања за иднината на нашиот континент. Размената на идеи, искуства и визии беше од особено значење, а атмосферата беше исполнета со енергија, соработка и заедничка посветеност кон европските вредности.
Овој Самит претставуваше одлична можност за продлабочување на партнерствата и за зајакнување на улогата на нашата земја во европските процеси. Убеден сум дека ваквите средби придонесуваат за подобра иднина и посилна Европа за сите нас, објави Мицкоски на својот фејсбук профил.

Мицкоски со партиска делегација од ВМРО-ДПМНЕ вчера присуствуваше на свеченоста по повод 50-годишнината од формирањето на ЕПП.

Реклама

Претходно се сретна со својот хрватски колега Андреј Пленковиќ.

Како што најави ВМРО-ДПМНЕ, посетата на Мицкоски на Брисел ќе биде искористена за билатерални средби со присутните претседатели, премиери и лидери од семејството на Европската народна партија.

Целата објава може да ја погледнете на следниот линк: