Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Економија

Хотелиерите незадоволни, бараат од Владата двојно да го зголеми бројот на ваучери за туризам

Хотелиерите на нозе, бараат од Владата да ја преиспита одлуката и двојно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Хотелиерите на нозе, бараат од Владата да ја преиспита одлуката и двојно да го зголеми бројот на ваучери за туризам кои годинава државата ќе ги додели само на 1.250 граѓани со ниски примања, за разлика од лани кога на располагање имаа 100.000 ваучери. Вредноста на ваучерите за туризам е 12.000 денари, но кога ќе се подели вкупната сума од 15.милиони денари превидена за реализација на оваа мерка,тоа е ништо за хотелиерите,бенефитот е нула кога ќе се земат во предвид сите давачки и пандемиските загуби од кои не можеме да дигнеме глава-велат од ХОТАМ.Во вода паднале и нивните очекувања ваучерите да се доделуваат од месец јуни.

Сега беше година на преживување, како да опстанат вработените, како да им помогнеме во овие тешки периоди.Ние не добивме многу од државата, добивме помош  за плата на која ние требаше да доплаќаме за придонеси итн.Тоа може да се види колку пари точно се дадени од државата за помош на овие сектори,а колку се дадени за помош на други сектори кои правеле многу поголеми профити.Заради тоа беше побарано да се дадат поголем број на ваучери и вредноста на тие ваучери да се зголеми. – вели Крсте Блажески-Претсед.на ХОТАМ.

 Справувањето со кризата станува се потешко, а загубите кои ги трпи туристичкиот сектор се огроми и ненадоместливи, бидејќи државната помош стига предоцна. Од носењето мерки нема велат никаков аир, се’ додека истите ни стојат на располагање само на хартија. Згора на тоа,се работи за минимална помош, велат хотелиерите кои единствениот спас го гледаа во ваучерите за туризам.

Реклама

Немаме друга опција,немаме друга солуција така да би работеле со ваучери. Работевме и лани со ваулери така да ќе мора и оваа година. – вели Марјан Трпески-хотелиер.

Барањата кои ги доставивме преку Стопанската комора, само делумно се прифатија,а и тоа што ни следува бавно се реализира.Без оглед каква сезона не очекува, без навремена помош од државата туристичкиот сектор ќе згасне,велат туристичките работници, напомувајќи дека до јули се откажани најсилните резервации на странските туристи.

Резервациите се буквални сите ласт минит никој не може да резервира од пред неколку месеци како што беа поранешните резервации,туку сите резервираат од денес за утре.Така да и ние сме во некоја неизвесност, не знаеме дали ќе има резервации,постоечките резервации ги откажуваат, пак ги закажуваат, не знаме како ќе биде. – кажува Игор Иванов-хотелиер.

Јавниот повик за доделување на ваучери ќе трае до 30 јуни и до тогаш сите граѓани кои немаат приходи повисоки од 30.000 денари ќе може да се пријават и да ги искористат најдоцна до 30 ноември годинава.

Росица Голабоска