Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Прилози

Хотелиерите бараат одложување на законот против пушење, најавуваат инвестиции во вентилација

Хотелирите сугерираат до месец мај да се одложи спроведувањето на новиот закон…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Хотелирите сугерираат до месец мај да се одложи спроведувањето на новиот закон против пушење кој треба да стапи во сила од 1-ви март годинава.Сметат дека е пребрзо имплементирањето на ваквото законско решение околу кое се кршат и угостителите и хотелиерите кои се обидуваат да се усогласат и да изградат заеднички став со кој ќе настапат пред Владата.

Се до тогаш,ако тоа го направиме сега ќе биде ригорозоно, мартот имам уште ладни денови каде што тие ќе треба да излегуваат надвор,бидејќи немаме тераси отворени од три страни и е невозможно да се загреваат на темепратури од нула степени.И може да се каже да, ќе бидат дискриминирани на еден начин,но додека се најде тој прав начин ќе мора да се одложи законот-вели Крсте Блажески, претседател на ХОТАМ

Македонија има закон против пушење кој се спроведуваше не повеќе од две години и тоа селективно.Новото законско решение треба да важи подеднаков за сите, децидни се хотелиерите кои се подговтвени да инвестираат во скапи филтри и системи за прочистување на воздухот.Укажуваат дека една од критики кои ги добивале од странците се онесувало токму на претераното пушење во хотелско-угостителските објекти.

Реклама

 Поголем дел од странците имаме критики дека премногу се пуши дури и во тие одворени простории како такви,често пати е зачадено, загушливо.Значи мора да има некаква средина, мора да се направи тој закон што ќе влијае за сите и ќе биде подеднакво за сите.Така ќе добеме подобри оценки од странците.Сложено е прашањето не е лесно да се реши,може само да се поучиме како е тоа решено на запад,почнаа и тие со дел пушење,дел не пушење но на крајот дојде да не се пуши 50 метри од влезните врати-вели Блажески

За воља на вистината најбрни гости во туристичките центри се гостите од Турција Србија, Босна,Црна Гора кои димат како фабрички оџаци,а и македонците не се ништо посовесни.Кај нас 45 % од возрсната поплација се пушачи. Затоа мора да сенајде решение велат,кое ќе биде во интерес на сите,велат хотелиерите. Инаку законот предвидува целосна забрана за пушење во сите затворени јавни и работни простори, како и во приватни возила доколку внатре има дете. Пушењето ќе биде забрането и во објекти за сместување, угостителски локали, пазари, јавен превоз и административни институции. Физичко лице затекнато како пуши на забрането место ќе се казни со 150 до 300 евра,а за правните лица казните изнесуваат од 2.000 до 5.000 евра.