Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Македонија

Хигиенчирката од Домот за стари лица во Радовиш ќе биде санкционирана

Хигеничарката во радовишкиот Дом за стари лица Астреон  која дозволила вирусот да…

Сподели:

Хигеничарката во радовишкиот Дом за стари лица Астреон  која дозволила вирусот да се решири во установата, ќе биде санкционирана. Менаџментот на домот ќе преземе соодветни мерки, бидејки како што велат на овој начин извршила тешка повреда на работните задачи. Иако сите вработени  биле информирани дека треба да пријават доколку нивни близок развие симптоми веднаш да пријават, таа седум дена криела дека нејзиниот сопруг е со висока температура.. Заразата во Штип неконтролирано се шири, а  бројките на новозаболени се аларманти. И додека кривата го достигна врвот, на штипјани се потежок им станува животот под маски. Викендов на социјалните мрежи се прошири видео клип од пред кафе бар во центарот на градот каде што јасно се гледа дека не се почитуваат мерките.

-Никој не смее да ги прекршува овие принципи и протоколи. Секој оној којшто ги прекршил треба да сноси одговорност –изјави Бочварски.

Корона вирусот до сега влезе во 11конфекции, осум од нив се посериозно зафатени. Дел се делумно затворени, а дел работат само со работниците кои имаат негативни резултати. Контролите на терен покажале дека превозот на работниците од каде претходно се прошири заразата, сега е според стандардите..

Реклама

-По тоа што сум информиран, превозот се одвива тековно и е според протоколите, со што се исклучува можноста за ширење на заразата –изјави Бочварски

Во изминатите четири дена во Штип се регистрирани нови 130случаи, а до вчера има 324 позитивни на ковид-19. Засега нема најави за враќање на полициски час или градот целосно да биде затворен.

Александра Ристевска