Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Хелсиншки комитет: Политичката злоупотреба на деца е строго забранета со закон, санкционирање на сите кои ги користат децата за политички цели

Хелсиншки комитет за човекови права најостро реагира на сѐ почестите случаи на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Хелсиншки комитет за човекови права најостро реагира на сѐ почестите случаи на злоупотреба на деца и малолетници во политички активности во пресрет на претстојните локални избори. Иако официјалната изборна кампања завршува за неколку дена, на социјалните мрежи може да се забележат бројни фотографии и видеа каде децата се злоупотребени за политички цели од страна на кандидати и нивните поддржувачи.

Со загриженост констатираме дека во континуитет се случуваат активности, кои не само што не се во најдобар интерес на детето, туку претставуваат злоупотреба на децата поради политичко дејствување – нешто што е забрането со Законот за заштита на децата, Конвенцијата на ООН за правата на детето и Декларацијата за заштита на детето од политичка манипулација и злоупотреба.

Ваквата пракса, за жал, е редовна појава во земјава. Во пресрет на локалните избори, во медиумите и социјалните мрежи се забележуваат повеќе вакви случаи, само неколку примери се: видео објава на неколку кандидат во која се вклучени нивни деца со повик да се гласа на претстојните избори, фотографија на кандидат за градоначалник кој на деца им дели играчки во рамки на кампањата, како и делење на промотивен материјал на деца.

Реклама

Хелсиншкиот комитет упатува јасен апел до институциите, политичките партии, медиумите и родителите веднаш да престане вовлекувањето на децата во политички кампањи и да се преземат соодветни мерки за санкционирање на сите кои ги користат децата за политички цели.

Политичката злоупотреба на деца е строго забранета со закон. Согласно Член 12, став 4 од Законот за заштита на децата: „Се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување.“

Хелсиншкиот комитет потсетува дека на децата не им е место во политиката. Наместо злоупотреба, политичарите и нивните поддржувачи треба да се залагаат за создавање услови за квалитетен живот, образование и развој на најмладите.