Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Прилози

Хеликоптери и „ер-трактори“ во интервенција на пожарот кај село Грачани

И покрај дождот, веќе трет ден гори на подрачјето меѓу селата Грачани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И покрај дождот, веќе трет ден гори на подрачјето меѓу селата Грачани и Никиштане во Општина Ѓорче Петров. Пожарот е активен од двете страни на границата – огнената линија се прошири и на територијата на Косово. Гори претежно сува трева, грмушки и ниски смреки, но нема опасност за околните населени места. Тешко пристапниот терен и силниот ветер го отежнуваат гаснењето, а утрово интервенцијата ја засилија два ер-трактори, како и полициски и армиски хеликоптер.

„Овој пожар пред три дена од косовска страна навлезе на македонска страна. Врз него, овие денови дејствуваме и од водузх и од земја, но за жал се уште е активен. Од воздух, поддршка дава еден армиски хеликоптер, еден полициски, како и два ер-трактори на ДЗС. Во овој момент, двете села Грачани и Никиштане не се загрозени од пожарот, иако кај населението постои одредена загриженост.“, изјави Стојанче Ангелов, директор на ДЗС.

Во изминатото деноноќие беа регистрирани два намерно подметнати пожари – еден на територијата на Општина Студеничани и еден кај Општина Зелениково. Евидентирани се вкупно 31 пожар, од кои 27 се по изгаснати. Под конрола се пожарите кај Градски парк, Скопје каде гореше сува трева, ниската вегетација и ѓубре во Општина Бутел, улица „Боца Иванова“ како  и дивата депонија во Визбегово.

Реклама

„Ваквото палење на разни пожари низ територијата на градот Скопје ги расфрла нашите сили и пожарникарите не можеме да ги сконцентрираме кај големиот пожар кој од косовска страна навлезе кон македонска страна. Затоа апелирам до граѓаните, да бидат исклучитено внимателни со своето однесување да не предизвикаат пожар“, вели Ангелов.

Пожарот кај Грачани останува активен, а интервенцијата продолжува од копно и од воздух. Високите температури и сувото време создаваат услови пожарите лесно да се прошират. Надлежните повторно апелираат до граѓаните да не палат оган на отворено место и да не создаваат диви депонии.