Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Економија

„Река“ од луѓе пред банките среде вонредни мерки поради пандемијата

„Река“ од луѓе, турканици, гужви дури и до улица. Ова е реалната…

Сподели:

„Река“ од луѓе, турканици, гужви дури и до улица. Ова е реалната слика пред сите експозитури, маркети, пошти и наплатни центри. Повеќе од очигледно е дека ниту апелите, ниту пак мерките на заштита, не се доволни за граѓаните да застанат еден по еден.

Ова што се случува позади мене е вистински хаос. Луѓе чекаат со саати за влез во банка. Од она што може да се види е дека растојанието некако и да не се почитува баш најмногу.

Алфа направи обиколка низ цело Скопје. Слика секаде беше иста.

Реклама

Пред банките граѓаните чекаат ред за да платат сметки, главно повозрасните, но има и такви кои ја чекаат социјалната помош. Тие пред камерата на Алфа велат дека не умеат електронски ги подмират сметките, па затоа речиси цело претпладне чекаат да стигнат на ред.

– Ние постарите мора да дојдеме да платиме сметки, тоа е. После е полициски час и апсана ако сме уште на улица, затоа мора да сме на време, мора да подмириме се и да идеме по ред. Гужва има да, но и нервоза, али и по некој виц на наша сметка за побрзо да ни помине времето, велат дел од граѓаните пред камерата на Алфа, снимени пред експозитура на банка.

Пред една од експозитурите затекнавме и попови кои и тие чекаа во ред да подигнат некој денар.

Ништо не е поразлична сликата и пред поголемите маркети. И таму владее хаос, но барем нема толкава нервоза како пред банките. Граѓаните на време сакаат да купат нешто пред да почне полицискиот час.

– На време одиме да испазариме за дома, сепак низ маркетите нема некоја голема гужва, но има доста луѓе, сепак секој сака да си купи на време се за по дома, зашто после нема излегување, велат граѓаните кои ги снимивме пред големите маркети во Скопје.

Државата веќе од утре го стега обрачот за времето на движење. Возрасните граѓани над 65 години ќе може да излезат од дома од 10, до 12 часот на пладне, а за младите до 18 години од 12 до 14 часот. За викенд стапува на сила целосна забрана за движење.

Борис Грујоски