Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Економија

Хаос ги очекува скопјани –  Oд понеделник нема да возат приватните превозници

Нови маки за скопјани на почетокот на учебната година. Приватните превозници   во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нови маки за скопјани на почетокот на учебната година. Приватните превозници   во понеделник ќе ги остават автобусите во гаражите, односно ќе возат само на една линија по еден автобус и тоа по еднаш во денот, наутро или навечер.

Граѓаните  и сега со часови чекаат автобус на постојките. Со месеци наназад, пристигнувањето од точка „А“ до точка „Б“ во главниот град е сериозен предизвик – автобусите никако да стигнат на време како што е најавено со возниот ред, а и кога ќе го дочекате – се преполни и неклиматизирани. Може само да се претпостави каков сообраќаен колапс ќе се случи во понеделник кога ќе недостигаат околу 150 автобуси според зимскиот возен ред, а децата ќе мора да стигнат во школо.

Приватните превозници велат дека се приморани на ваквата одлука затоа што од  ЈСП не добија позитивен одговор за исплата на нивниот долг кој бил превисок, а  нема ниту збор за покачување на цената по километар.

Реклама

На секоја линија да има по еден автобус да сврти еден круг и да се врати назад. Оваа одлука моравме да ја донесеме како приватни превозници бидејќо имаме преголем долг премногу месеци и не можеме да издржиме да ги плаќаме шоферите, ни нафта ни сите други трошоци, вели Петрушевски – приватен превозник .

Во понеделник во 11 часот треба да се сретнат со претставници на ЈСП, по што ќе донесат одлука за чекорите понатаму. Тие информираат дека на дневна основа ќе известуваат дали ќе возат наредниот ден.

Приватните превозници посочуваат дека од јуни  чекаат да им биде исполнето ветувањето за прилагдодување на цената по километар со оглед на повисоките трошоци, но засега нема ништо од тоа.

Не само тоа имаме и друг проблем..  Требаше да се направи оптимизиација на цената по километар, бидејќи сите други трошоци се зголемени, но досега не се случи тоа но останавме на едно ветување ќе биде ќе биде и затоа ќе мора да застанаме, затоа што ние не возиме јуни и нема ништо. Нашите одлуки ќе бидат секој ден, вели Петрушевски.

 Од друга страна од ЈСП и нема некои подетални информации за тоа како ќе функционира главниот град во понеделник, на ова прашање директорот Драги Кушовски само кратко ни одговори дека правеле се што можеле

Правиме максимални напори во рамките на нашите можности, одговори кратко Кушовски.

На седницата на Град Скопје во четвртокот не помина одлуката за набавка на 250 еко автобуси. Мнозинството од Советот не изгласа, а претседателот Трајко Славевски образложи дека ниту со Ребалансот на Буџетот на Град Скопје не биле предвидени пари за тоа.  Откако  не помина одлуката, Кушовски кажа дека ќе се обиде да се поправат 40 автобуси кои би биле пуштени во сообраќај, но засега нема информација дали воопшто се поправаат автобусите и дали би биле на скопските улици во понеделник.