Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Свет

Хамнеи: Иран треба да продолжи да ја развива армијата

Иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи денеска изјави дека Иран треба да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи денеска изјави дека Иран треба да продолжи на развој на армијата и на ракетната програма.

„Напредокот не треба да се запре, не можеме да бидеме задоволни. Да речеме дека претходно поставивме граница за прецизноста на нашите ракети, но сега веруваме дека оваа граница повеќе не е доволна. Мораме да продолжиме напред“, нагласи Хамнеи, укажувајќи на потребата иранската војска да се фокусира на иновациите.

Неговата изјава уследи по заканите од американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе употреби сила ако Техеран одбие да преговара за нуклеарната програма.

Реклама

„Денес, нашата одбранбена моќ е добро позната, нашите непријатели се плашат од тоа. Ова е многу важно за нашата земја“, истакна Хамнеи.

Иранскиот ајатолах минатата недела изјави дека преговорите со САД „не се паметни, мудри или чесни“, додека Трамп ја врати политиката на „максимален притисок“ врз Иран.