Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Прилози

Ѓурчевски: Обвинителството потфрли во случајот „Крмзов“ – Струмичкиот бизнисмен требаше да биде во притвор

УЈП, Централен регистер, Царина, истрагата треба да покаже кој од државните институции…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

УЈП, Централен регистер, Царина, истрагата треба да покаже кој од државните институции биле дел од криминалната шема на струмичкиот бизнисмен и кум на фамилијата Заеви, Ристо Крмзов. Дел од експертите се убедени дека Ристо Крмзов без амин од државата не можел да направи ништо, а не како што тврди МВР, да регистрира фиктивни фирми, и да цица од државната каса поврат на лажен ДДВ.

Поранешниот началник Љубомир Ѓурчевски тврди дека Обвинителството потфрлило во случајот со Крмзов бидејќи на ваков комплексен и сложен криминал, тој не е во притвор, туку само му е одземен пасошот. Во притвор не се ниту неколкумината сослушани,  осомничени дека се дел од шемата на Крмзов, нив не им е одземен ниту пасошот.

Крмзов може да влијае и на сведоци и на вработените во институциите, појаснува Ѓурчевски.

Реклама

Ѓурчевски потенцира дека во случајот со Крмзов треба да се истражи кои вработени во Централен Регистар регистрирале фантом фирми, кои инспектори во  УЈП не правеле контроли, а кои цариници замижувале за шверцот на граница.

Според поранешниот началник, и со одземен пасош Крмзов може да си замине со цела фамилија и капитал што го има, како тоа што лани го направил Трајче Заев, па државата нема да има што да конфискува.

За шверцот на брендирана роба на Крмзов за Алфа сведочеше и поранешниот полицаец Никола Бучков. Тој тврди дека откако сопрел камион регистриран на фирма на Крмозв без документи за царина, преживувал пекол од претпоставените, а лично министерот Спасовски му го потпишал отказот. Добивал, закани и притисоци од шефовите веднаш да го пушти шоферот на струмичкиот камион преполн со брендирана роба што се истурала на пазарот во Шутка.

Обвинителство за организиран криминал и корупција, полицијата и УЈП пред еден месец извршија претреси во домот и во фирмите на Крмзови во рамки на предистражна постапка за даночно затајување, даночна измама и перење пари.

Засега обвинителството нема срочено обвинение, ниту има информации дали истрагата за Крмзови ќе биде проширена.