Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

ГУП, па ДУП, па евентуално потоа нова зграда за станарите во рушевината во Мичурин

Изградбата на булеварот Борис Кидрич e стопирана, а луѓето кои живеат во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изградбата на булеварот Борис Кидрич e стопирана, а луѓето кои живеат во речиси – урнатата зграда, на чие место треба да поминува сообраќајницата, не можат да изградат нова.

Проблемот на станарите во старата зграда во Мичурин и понатау без решение. Заглавени  во формално – правните лавиринти се уште не добиле конкретен одговор од релевантните институции.

Продолжува борбата на станарите за подобри услови за живеење, бидејќи се плашат дека оваа зграда нема да издржи уште долго. Локалните власти молчат и не нудат конкретно решени за овој проблем.

Реклама

Не наидовме на никаков прием ниту од Општина Аеродром, ниту од Град Скопје, едноставно градоначалникот Марин не не удостои да не прими во неговите простории да поразговараме за нашите проблеми. Еве повторно отидовме со надеж дека ќе не прими, и повторно истиот одговор. Праќа претставници од кабинетот кои не даваат конкретни одгвори – вели Светлана Филиповска – станар

На жителите, согласно ГУП 2012 година, им била доделена маркица за изградба на нова зграда позади сегашната, но на тој простор се приватизирани само 60 квадратни метри. Станарите бараат од општината да им додели нова маркица.

Што се однесува до доделувањето на нова маркица, тоа може да се случи по измената на ГУП-от на Град Скопје, со што може да почне постапка за менување и на деталниот урбанистички план – велат од Општина Аеродром.

Но измената на генералниот урбанистички план ги кочи граѓаните да си изградат зграда, па се уште живеат во рушевините на сегашната.. исплашени се, како ќе ги преживеат есента и зимата, кога временските услови ќе бидат полоши од сега. Од Град Скопје велат дека дури кога ќе се изгради сообраќајницата, ќе се спроведе постапка на експропријација на приватното земјиште и тогаш ќе може да се изгради нова зграда. Во однос на проблемот за реализација и изградба на оваа сообраќајница, од Град Скопје велат дека во наредните години ќе се обидат да обезбедат финансиски средства за изградба – што го вклучува алармот, до кога станарите ќе живеат во мизерни услови.