Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Економија

Групацијата 4iG до АЕК доставила писмо за намери за нов мобилен оператор

Унгарскиот телекомуникациски гигант аплицира за влез на телекомуникацискиот пазар. Групацијата 4iG и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Унгарскиот телекомуникациски гигант аплицира за влез на телекомуникацискиот пазар. Групацијата 4iG и официјално достави писмо за намери за нов мобилен оператор до Агенцијата за електронски комуникации. Компанијата изрази интерес за да добие достапни радиофреквенции за да влезе на пазарот како нов мобилен оператор. Од групацијата велат дека планираат да го модернизираат телекомуникацискиот сектор и да ја засилат конкуренцијата. Во следните неколку месеци 4IG ќе соработува со Агенцијата за достапноста на фреквенциите и да се усогласат со законските регулативи. Од групацијата велат дека го препознале потенцијалот на пазарот и дека нивна предност е искуството што го имаат во регионот како на пример, во Албанија и Црна Гора.

„Среќни сме што и официјално го започнавме влезот на телекомуникацискиот пазар во Македонија. Секогаш кога ќе одлучиме да влеземе на нов пазар, од клучно значење е да имаме и поддршка од регулаторната средина и подобро да ги разбереме локалните услови. Нашето истражување на пазарот покажа големи можности поради достапноста на опсегот на фреквенции и секако поради поддршката од регулаторната средина“ – вели Пал Заранди, директор за мобилни и 5G стратегии во Групацијата 4iG.

Пред два месеци групацијата соопшти дека започнала со подготовки за влез на пазарот во Македонија со тоа што ја основала подружницата ОНЕ Македонија Телекомуникации. Планот на унгарската компанија е амбициозен и  уште во старт најавува гринфилд инвестиции во вредност од 100 милиони евра. 4iG е една од најистакнатите унгарски телекомуникациски компании со над 8 000 вработени и и опслужува над 10 милиони конекции во регионите каде што е присутна. Оваа инвестиција ја најави Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој е незадоволен од висината на цените и дуополот што ја поткопува конкурентноста на домашниот телекомуникациски пазар. Тој во неколку наврати рече дека влезот на трет мобилен мрежен оператор ќе донесе подобри и поевтини услуги за граѓаните и фирмите.