Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Група на жени вчера не полетаа за Кипар на осмоморатовско патување, агенцијата не сака да им ги врати средствата

Педесет и седум жени вчера не отидоа на осмомартовското патување на Кипар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Педесет и седум жени вчера не отидоа на осмомартовското патување на Кипар поради воените дејствија во Иран.  Тие стравувајќи за нивната безбедност не сакаат да одат на патувањето  и затоа се одлучиле на ваков чекор. Инаку во понеделникот МНР апелираше до сите граѓани да се воздржат од патувања во земјите кои се засегнати од воениот конфликт  меѓу кои беше  и Кипар.  Групата на жени кои требаа да патуваат  побарале од агенцијата Стаф да им ги рефундираат средствата, но од таму им рекле дека средствата не може да се рефундираат и во замена за тоа им понудиле ваучер кој би го искористиле во  некој следен период.

-Цело време агенцијата лажно ја кристеше ситуацијата манипулативно пристапи кон нас патниците за да дојде до момент да одбие да ги рефундира средствата и ненавре,емо не информираше по нашите барања. Ние навремено имавме и телефонски разговори, навремено имавме и мејл комуникација со агенцијата и навремено имавме и вибер комуникација, и  за тоа како ќе  оди   целата постапка. тие прашања ги игнорираа од наша страна и цело време не се секирајте безбедно е, да стигне до момент да не можат да ни ги рефундираат средствата – вели Билјана Цветковска.

Директорката пак на Агенцијата за Алфа истакна дека тие ќе им вратат дел од средствата кои се платени за хотелот но во однос на авионскиот превоз не може да се регулира бидејќи Авионот вчера вчера полетал кон Кипар.

Реклама

-Нормално, ние сме во комуникација со странките и како што им испративме не мејл, ние се откажуваме од средствата кои агенцијата би требало да ги заработи,иако од ноември работиме и тоа се средства на агенцијата. Ова е непредвидена ситуација и  ние се откажуваме од нив, се откажуваме од административните трошоци кои што ги имаме направено, од трошоци за пратител, водич, трансферот таму кој што нема да бидат реализирани – вели Ана Марија Алексова Милева директорка на aгенција Стаф.

Од агенцијата додаваат дека има законски  рок и странките ќе бидат известени кога ќе бидат обештетени во форма на кредит  кој би можеле да го искористат. Ова е прва реакција на граѓани кои поради вонредната состојба во Иран не отидоа на своето патување.  Иако имаше официјална пртепорака од МНР да не се патува во засегнатите подрачја сепак вчера Авионот на Визер за Кипар полетал. Од Министерството за надворешни работи пред два дена информираа дека постојат обиди на Иран да таргетира повеќе држави во регионот, меѓу кои Израел, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Кувајт, Бахреин, Саудиска Арабија, Либан и Ирак, како и британската воена база на територијата на Република Кипар. Поради тоа, повторно апелираа до сите државјани на Македонија да се воздржат од непотребни патувања во поширокиот регион на Блискиот Исток.

Поради тоа, повторно се апелира до сите државјани на Македонија да се воздржат од непотребни патувања во поширокиот регион на Блискиот Исток.

Виолета Петровска Периќ