Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Грозданов: Со 100 милиони евра инвестиции Кочани ќе прерасне во центар на источниот регион – град со европска инфраструктура и достоинствен живот

Сто милиони евра инвестиции во капитални проекти за Кочани најави денеска кандидатот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сто милиони евра инвестиции во капитални проекти за Кочани најави денеска кандидатот за градоначалник на Општина Кочани предложен од ВМРО – ДПМНЕ, Владко Грозданов, на средбата со граѓани во центарот на градот. Според него, станува збор за пари што ќе бидат обезбедени преку странски партнери, надвор од редовниот Буџет на Владата.

– Само за Кочани и регионот ќе обезбедиме дополнителни 100 милиони евра – средства што ќе се вложат исклучиво во инфраструктура и капитални проекти. Ова не се празни ветувања – веќе се работи со меѓународни партнери за реализација на овие инвестиции, надвор од редовните буџетски трансфери. Целта е Кочани да стане центар на источниот регион – град со европска инфраструктура и услови за достоинствен живот, соопшти Грозданов

Дел од најавените 100 милиони ќе бидат искористени за реновирање и модернизирање на болницата во Кочани, ќе има нови одделенија, современа опрема и подобри услови за медицинскиот персонал. Грозданов вети и затворен базен, нови спортски сали, нова патна, комунална и урбана инфраструктура.

Реклама

– Со овие проекти ќе се отворат нови работни места и ќе се поттикне локалната економија. Кочани повеќе нема да биде на маргините, ќе биде во фокусот на државните и меѓународните инвестиции. Со овој план, Кочани станува пример за тоа како една општина може да се развива со визија, стратегија и партнерство, смета кандидатот за градоначалник предложен од ВМРО – ДПМНЕ, Влатко Грозданов.

На денешната средба на Грозданот со граѓани на Кочани присуствуваше и Марија Митева, која како портпарол на Македонската влада му даде силна поршка на кандидатот за градоначалник предложен од ВМРО – ДПМНЕ и на неговото зборуви. Стоте милиониевра евра инвестиции во различни проекти, Кочани ќе ги доние во рок од шетири години започнувајќи од 2026 година.