Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Грозданов: Кочани очекува најмалку три електрични автобуси – во тек донаторска акција

Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, информираше дека е во тек донаторска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, информираше дека е во тек донаторска акција преку која се очекува Кочани да добие минимум три електрични автобуси, а можно е да пристигнат и дополнителни комбиња за потребите на локалниот јавен превоз.

Како што истакна Грозданов на денешната 14. седница на Советот на Општина Кочани, обврска на локалната самоуправа ќе биде да обезбеди соодветни паркинг места и базна станица за автобусите, при што во моментов се работи со експерти околу подготовката и поставувањето на базната станица.

-Очекуваме минимум три електрични автобуси, а би требало да пристигнат и неколку комбиња, со што дополнително би се прошириле линиите и локалниот транспорт во градот – посочи градоначалникот.

Реклама

Ова прашање беше отворено во рамки на точката „Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за основање јавно претпријатие за стопанисување“.

Од правната служба на Општина Кочани беше образложено дека претпријатието претходно било регистрирано во Централниот регистар, биле избрани надзорен и управен одбор и бил донесен статут, но процесот запрел поради повеќе причини, а точката на дневен ред била изгласана во рамки на претходниот совет.

– Во меѓувреме се променија условите на пазарот за обезбедување и купување електрична енергија, поради што претпријатието не функционираше во правниот и финансискиот промет. Со оглед дека веќе имаме формирано претпријатие, заради рационалност и економичност, предлогот е да се прошири неговата дејност за да профункционира како посебно јавно претпријатие формирано од Општината – беше истакнато на седницата.

Според најавите, рокот за поставување на базната станица и реализација на набавката е 12 месеци.

На прашање од советникот Иван Мишев до кога треба да биде функционален системот, градоначалникот Грозданов одговори дека најпрво е потребно јавното претпријатие да биде целосно функционално на документациско ниво за да може Општината да аплицира на актуелните повици.

– Во моментов имаме можност да аплицираме на два повика. Едниот е преку Владата, каде се набавуваат електрични автобуси, а другиот е преку донаторската кампања. Ми се чини дека повеќе автобуси би можеле да пристигнат преку донаторската акција, но сепак ќе конкурираме на двете места – рече Грозданов. Предлог-одлуката беше усвоена со 18 гласа „за“.