Реклама

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Свет

Гренланд избра НЕЗАВИСНОСТ: Двете победнички партии се за отцепување од Данска

Партијата Демократи, која се залага за постепен пристап кон независност на Гренланд…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Партијата Демократи, која се залага за постепен пристап кон независност на Гренланд од Данска, обезбеди 29,9% од гласовите, што претставува значителен скок во однос на 9,1% што ги освои на изборите во 2021 година. Про-бизнис опозициската партија на Гренланд, Демократи, победи на парламентарните избори одржани во вторникот.

Вториот најдобар резултат го постигна друга опозициска партија, Налераг, која освои 24,5% од гласовите. Таа се залага за најбрз можен процес за стекнување независност и одвојување на Гренланд од Данска.

– Луѓето сакаат промени… Ние сакаме повеќе работни места за да ја финансираме нашата благосостојба. Не сакаме независност утре, сакаме добри темели – изјави Јенс-Фредерик Нилсен, лидер на Демократит и поранешен министер за индустрија и минерали.

Реклама

Нилсен планира да разговара со другите партии за да се обиде да формира владејачка коалиција.

Владејачката партија Инуити Атакатигиит и нејзиниот партнер Сиумут, кои исто така следат бавен пат кон независност, освоија вкупно 36% од гласовите, што е значителен пад во однос на 66,1% што ги освоија пред четири години.

Право на глас имаа околу 44.000 Гренланѓани, од вкупно 57.000 што живеат таму. Тие избраа 31 член на локалниот парламент и на владата, а на гласачкото ливче имаше шест партии.

Гренланд е под контрола на Копенхаген во последните 300 години.

Доминантна тема на изборите беше најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека неговата земја ќе ја преземе контролата врз оваа автономна територија на Данска.

– Гренланд ни треба за национална безбедност. Тоа ќе биде наше, вака или онака – рече Трамп во говорот пред Конгресот минатата недела, пред членовите на Претставничкиот дом и Сенатот.

Властите и на Гренланд и на Данска постојано ги одбиваа неговите барања. Премиерот Егеде јасно стави до знаење дека Гренланд не е на продажба и дека заслужува „да се третира со почит“.