Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Балкан

Грчкиот парламент вечерва ќе го гласа буџетот – синдикатот на вработените во јавниот сектор започна 24-часовен штрајк

Синдикатот на вработените во државниот сектор во Грција утрово започна 24-часовен штрајк…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Синдикатот на вработените во државниот сектор во Грција утрово започна 24-часовен штрајк поради буџетот за следната година, што вечер се очекува да биде изгласан од грчкиот парламент. Од синдикатот сметаат дека новиот буџет е антиграѓански и носи дополнителни даночни оптоварувања за работниците и нови привилегии за големите бизнис-групации.

Во штрајкот, освен државните службеници, учествуваат и вработените во локалната самоуправа, како и наставниците и професорите од основните и средните училишта и здравствените работници од државните болници. Во грчкиот парламент во петокот започна петдневната расправа за државниот буџет за 2026 година, а гласањето, кое традиционално во Грција се смета како глас за доверба на актуелната влада, е закажано за вечер. Се очекува буџетот да го поддржат само пратениците од владејачката Нова демократија, кои имаат мнозинство во парламентот.