Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Економија

Граѓаните чекаат на одложување на ратите за кредити, банките да не делат дивиденди

Граѓаните и фирмите со нетрпение очекуваат банките да им ги пролонгираат ратите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните и фирмите со нетрпение очекуваат банките да им ги пролонгираат ратите на кредитите за најмалку 3 месеци. Ратите најчесто доспеваат за плаќање на 1-ви или 16-ти во месецот, па има краток период за овој проблем привремено да се реши. Уредба од Владата за точниот начин на кој ќе се врши овој процес се уште нема. Засега се знае само дека банките ќе им дадат понуда на граѓаните за одложување или грејс период на обврските, пролонгирање на подолг период, пониска камата или одобрување на нов, поповолен кредит за рефинансирање на постоечкиот. Од Народната банка информираа дека до крајот на септември секое доцнење до 150 дена нема да се смета за нефункционален кредит.

НБРМ им сугерираше на банките да се откажат од делење дивиденди оваа година, за да имаат повеќе пари при справување со последиците од коронавирусот. Некои веќе имаат планови за делење дивиденди за остварената добивка од минатата година. Упатените велат се ќе зависи од тоа како тие ќе реагираат. Ако не поделат дивиденди, интересот за инвестирање во нивни акции дополнително ќе спласне. За неполн месец, акциите на банките изгубиле и до 30% од својата вредност.

Фирмите им должат на банките 2,7 милијарди евра, а граѓаните 2,8 милијарди евра. НБРМ нема законска можност да прогласи мораториум на наплатата на кредитите, туку само да преговара со банките за да му излезат во пресрет на населението и стопанството. Мораториум на обврските за кредити досега прогласија Италија до крај на коронакризата, Унгарија и Австрија до крајот на годината, а Црна Гора, Србија, Албанија во период од 3 месеци.

Реклама

Додека граѓаните чекаат на одложување на ратите за кредити, засега се знае само дека извршителите нема да извршуваат решенија до крајот на јуни. Од ЕВН пак, веќе информираа дека нема да ги исклучуваат корисниците, нема да ги читаат броилата најмалку еден месец и ќе праќаат сметки со проценети вредности. Должниците нема да ги исклучува ниту „Водовод и канализација“, а сите обезбедувачи на комунални услуги им предлагаат на граѓаните да си ги плаќаат сметките он лајн, без да ги посетуваат наплатните шалтери.

Тања Попова