Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥Граѓаните се оптимисти дека влез на трет мобилен оператор ќе донесе подобри и поевтини услуги

На Македонија и е потребен трет мобилен оператор што ќе ги намали…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Македонија и е потребен трет мобилен оператор што ќе ги намали цените. Граѓаните велат дека иако се задоволни од услугите на веќе постоечките мобилни оператори во Македонија, според нив сепак цените се многу високи и од новата конкуренција очекуваат да влезе на пазарот со нови понуди и поевтини пакети.

“Па се надеваме дека цените ќе ги намалат, тоа е најважно за нас. Од услугите сме задоволни од досегашните оператори ама цените нормално, што се пониски тоа се подобри.. Кога ќе има уште еден оператор мислам дека ќе биде подобро, очекуваме цените да се намалат барем 30 проценти.”- изјавија граѓаните.

Споредбено со земјите од регионот, во моментов само Макдонија и Албанија имаат по два оператора. Она што е позитивно е најавата дека кај нас сепак влегува нова конкуренција, која треба да донесе подобрување на услугите и намалување на цените. Процедурите се во тек за граѓаните од следната година конечно да можат да ги користат услугите на новиот мобилен оператор. На 22 август ќе се отворат понудите и ќе се знае кој се пријавил на тендерот на АЕК, а ова лето треба компанијата да биде избрана и да добие лиценца.

Реклама

“ Одлуката за избор на понудувачи кои ќе учествуваат во постапката на јавно наддавање ќе се донесе во рок од 10 дена од денот на јавното отворање на понудите.Во одлуката ќе се утврди местото и времето на одржување на јавното наддавање кои што нема да биде пократко од 14 дена и подолго од 30 дена од денот на донесување на одлуката” – се вели во објавата на Службен весник на Македонија.

Дека е потребен нов оператор на пазарот потенцираше и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Според него постоечките оператори не нудат добри и поволни услуги за граѓаните. Со влезот на нов оператор ќе се постигнат повеќе бенефити, државата ќе добие пари бидејќи лиценците се плаќаат, а ќе има нови инвестиции во телекомуникациската мрежа.