Реклама
Економија

Градската артерија добива нов лик – завршни работи на булеварот „Борис Трајковски“

Булеварот кој со децении беше симбол за хаос гужви и нервози –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Булеварот кој со децении беше симбол за хаос гужви и нервози – конечно добива нов лик. Градската артерија „Борис Трајковски“ е во завршна фаза и работите се одвиваат со засилено темпо.Пробиена е речиси цела траса од Пинтија до Драчево. Булеварот ќе биде со четири ленти и со велосипедска патека. На оваа делница ќе се постави и атмосферска канализација.Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели дека ова е еден од најважните инфраструктурни проекти за Скопје.

“Станува збор за околу километар траса каде што во минатото со неверување граѓаните гледаа. Како што кажав 30 години немаше барање на начин од страна на градските власти за да се озвозможи слободен пристап, функционална безбедна траса за граѓаните од Драчево, Зелениково, Студеничани, практично за 100.000 граѓани кои ги врзува овој булевар”, рече Ѓорѓиевски.

Проширувањето на булеварот Борис Трајковски почна во јуни 2021 година, кон крајот на мандатот на ексградоначалникот Петре Шилегов. Со доаѓањето на Данела Арсовска, работите беа закочени, односно со многу бавна динамика се одвиваше пробивањето на трасата.

Реклама

Истовремено, интензивно се работи на повеќе локации низ главниот град.Се работи на клучката „Момин Поток“,во завршна фаза е проектот за поврзување на улиците „Љубљанска“ и „Скупи“, а наскоро во функција треба да биде ставен и новиот мост на реката Вардар.

Освен со градежните работи, Скопје добива и засилена механизација за собирање на отпад.Градоначалникот најави нови камиони и илјадници контејнери, со кои, како што вели, градот ќе може побрзо и поефикасно да го собира сметот.

Кога станав градоначалник имавме 16 камиони на располагање, сега бројката се движи околу 60 камиони кои се функцинални, но важно е дека се заврши тендерската постапка и за брзо ќе стигнат околу 40 мкамиони за Градот Скопје. Од друга страна, пак, е недостатокот со контејнери на микро локациите. Знаете дека некаде каде што треба шест има еден контејнер. Во финална фаза сме и на постапката за набавка на контејнери. Околу 2600 контејнери за 15 до 20 дена треба да започнат да се испорачуваат за Градот Скопје” – рече Ѓорѓиевски.

Според Ѓорѓиевски, Скопје денес се соочува со значително подобрена состојба на урбаната хигиена, откако во изминатиот период беа спроведени засилени активности за чистење на јавните површини и подобрување на системот за собирање отпад.