Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Градоначалникот Тони Коњановски во работна посета на ЈП „Паркинзи“-Битола

Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски оствари посета на Јавното претпријатие за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски оствари посета на Јавното претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Битола – ЈП „Паркинзи“.

За време на работната средба со директорот на претпријатието Зоран Михајловски, градоачалникот Коњановски беше информиран за работата на ЈП „Паркинзи“.

-Градоначалникот беше запознат со работата на јавното претпријатие во текот на 2025 година, како и за плановите и предизвиците во оваа 2026 година. Се разговараше за обезбедување нови паркинг места во градот, за услугите кои ги дава ова јавно претпријатие на постоечките паркинзи и за корекција на цената на услугата, соопштија од Општина Битола.

Реклама

Како што е познато, во ЈП „Паркизни“ вработени се 59 лица, а во оваа година планирано е да се вработат 12 лица. Претпријатието во Битола го регулира паркирањето во градот во три зони и четири затворени паркинзи. Во оваа година според планот на претпријатието треба да се отвори нов паркинг на локацијата кај поранешни бараки на УЈП во Битола, на улицата „Народни херои“ кај битолската Болница, додека на паркингот од Нов Пазар ќе има затворен паркинг за што наскоро ќе биде поставен систем за наплата.