Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски го прослави Источен Петок во Црниче и најави дека следната година ќе биде кум на настанот

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес присуствуваше на прославата на Источен Петок, значаен православен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес присуствуваше на прославата на Источен Петок, значаен православен празник, кој се одбележува на првата недела по Велигден, во местото Балаклија, во Црниче. Заедно со жителите, тој ја прослави оваа важна традиција, изразувајќи благодарност што свето место, на кое се наоѓа изворот, беше ослободено од узурпација и повторно враќено на жителите. Местото е оплеменето со нови содржини кои овозможуваат вистинско уживање за сите кои го посетуваат.

Градоначалникот Ѓорѓиевски изрази своето задоволство што следната година ќе има честа да биде кум на овој значаен настан, што за него претставува дар од Бога и голема чест.

„Нека е за многу години Источен Петок – Балаклија! Другата година кумството е мое, за што ми е огромна чест! Денес, заедно со мојот народ од Црниче го славиме овој голем празник кој спаѓа во Светлата Недела. Празникот е посветен на Пресвета Богородица, на кој ѝ се оддава признание, бидејќи се верува дека на овој ден ги миела раните на Исус Христос. Затоа, водите од изворите денеска се сметаат за лековити, а верниците масовно ги посетуваат за да ги измијат очите и лицето. Ова култно место во Црниче, на кое се наоѓа извор, до лани беше узурпирано. Сега го ослободивме и го вративме на жителите, оплеменето со содржини за вистинско уживање и рекреација на сите кои го посетуваат. Горд сум на сплотеноста на мојот народ на ваквите денови. Затоа, Македонија е богата земја, која низ вековите ја одржувала меѓусебната љубов и почит,“ изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Реклама

„За многу години да ни е, здравје и бериќет кај сите,“ додаде тој.