Реклама

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Македонија

Градоначалникот Ќура оствари средба со заменик народниот правобранител Руфати

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура денеска имаше средба со заменик народниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура денеска имаше средба со заменик народниот правобранител, Илбер Руфати и неговиот тим на која го запознал со состојбата со водоснабдувањето во општината.

Општинската прес-служба соопшти дека биле презентирани сите преземени мерки за надминување на проблемот.

– Градоначалникот истакна дека прашањето се третира со целосна институционална одговорност, без лични или партиски интереси, при што се ангажирани релевантните институции и приватен експерт со цел изнаоѓање брзо и одржливо решение, соопшти Општина Струга.

Реклама

Водата во Струга и околните села скоро две недели е забранета за секаква употреба поради заматеност во изворот „Шум“ и низ сите мерни места низ градот.