Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Градоначалникот Ѓорѓиевски на одбележување на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска присуствуваше на настан во  Зоолошката градина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска присуствуваше на настан во  Зоолошката градина организиран по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром.

Град Скопје информира дека на настанот, реализиран во соработка со здруженијата „Видлива поддршка“ и „Трисомија 21“,  беа засадени дрвца како симбол на животот, растот и надежта.

-Со оваа симболична активност се испрати порака за важноста на прифаќањето, еднаквоста и поддршката за лицата со Даунов синдром, како и за потребата од градење општество без бариери. Засадените дрвја претставуваат траен потсетник дека секое дете заслужува љубов, почит и можност да го достигне својот потенцијал, се наведува во соопштението. 

Реклама

Град Скопје нагласува дека останува посветен на унапредување на инклузивните политики и создавање средина во која различностите се прифаќаат како вредност, а не како пречка.

-Преку вакви иницијативи се зајакнува свеста за значењето на солидарноста, емпатијата и заедничката одговорност во градењето похумано и праведно општество за сите, соопшти Град Скопје.