Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Прилози

„Градиме нови темели“: Владата на ВМРО-ДПМНЕ пред една година не стекна ситуација на нула, туку во минус кој го оставија СДСМ и ДУИ

Градиме нови темели, одново поставуваме столбови и ги засилуваме носечките, кои беа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градиме нови темели, одново поставуваме столбови и ги засилуваме носечките, кои беа кршени и рушени, порача премиерот Христијан Мицкоски во отчетот за првата година од работата на Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Според него секој почеток е уште потежок, затоа што наследиле веќе стекната состојба, односно не започнале од нула, туку од минус, кој го оставила претходната владејачка гарнитура на СДСМ и ДУИ.

Мицкоски потенцираше дека во текот на минатава година биле реализирани или отпочнати повеќе од 250 поголеми проекти и најави дека нивниот број наредната година ќе биде зголемен за повеќе од три пати. Економијата е една од главните цели актуелната власт и според најавите во текот на следната година треба дас е очекуваат голем број нови странски инвестиции, кои што ќе донесат нови вработувања, повисоки плати и зголемен животен стандард. Премиерот вели дека економијата останува најглавен фокус, со цел борба за подобар живот, за таа цел обезбедени се и 500 милиони евра за поддршка на компаниите и општините со цел реализација на капитални прокети за подобрување на животот на граѓаните.

-Постигнавме рекордно историско најголемо ниво на странски инвестиции од 1 милијарда и 255 милиони евра, што ќе каже дека имаме најголем на странски директни инвестиции по глава на жител во овој дел од Европа. Првпат по седум години намален е јавниот долг, заклучно со март 2025-та година има намалување од 4,7 процентни поени во однос на БДП. Платите растат, обезбедивме повисоки плати во администрација, здравство, образование, МВР, изјави Мицкоски.

Реклама

Борбата со криминалот и корупцијата е уште една од главните цели на Валдата, за што доказ се и големиот број истраги и акции кои се случија во текот на минатава година, поради сомнежи за милионски криминали сторени минативе години. Мицкоски изрази незадоволство од работата на обвинителите и судиите, но порача дека мора да се борат за правда, бидејќи народот го очекува тоа и треба да се сруши бандитизмот во политичките и бизнис структури.

-Се започнаа акции против оние кои порано се сметаа за недопирливи. Денес тие неславни корифеи на неправдата се бегство од законот, а силно се удри ид по нарко бандите особено во Скопје.  Онаму каде сметам дека може подобро е борбата за независно судство и обвинителство кое сега го немаме. Не сум задоволен од динамиката на испорачување на правдата и постојат очигледни спреги меѓу тој свет и светот на политичката бизнис мафија, изјави Мицкоски.

Мицкоски најави и зголемени инвестиции во образованието, бидејќи тоа е најважно за правилен развој на младите. Обезбедени биле над 12 проценти повисоки плати за наставниците и стручниот кадар во основните и средни училишта, како и 14 проценти повисоки плати за професорите на факултетите, а потпишана е и согласност за раст на платите до 60 проценти во следните четири години. Според Мицкоски сериозни инвестиции ќе има и во здравството, а во текот на минативе 12 месеци веќе биле реновирани повеќе од 10 здравствени објекти и клиники, а набавена е и медицинска опрема од неколку милиони евра.

-Како и што ветивме ги укинавме нефункционалните економски директори во јавните здравствени установи. Отворивме постапка за вработување на 600 млади специјализанти во здравството. Го зголемивме капитациониот бод на матичните доктори, гинеколози и стоматолози. Обезбедивме раст на платите на здравствените работници и соработници во јавните здравствени установи. Направивме проширување на позитивната листа на лекови со 9 нови генерики на лекови, изјави Мицкоски.

Со силен интензитент се реализира и модернизацијата на Армијата. Како што соопшти премиерот оваа година се одвоени 32 проценти од буџетот, односно 106 милиони евра, што е за 18 милиони евра повеќе од минатата 2024-та година.

Матеја Петровски