Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Град Скопје: Фокус е враќање на достоинствениот изглед на централното градско подрачје

Градот Скопје продолжува со интензивни активности насочени кон обновување на јавните површини…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градот Скопје продолжува со интензивни активности насочени кон обновување на јавните површини и подобрување на урбаниот амбиент. Во фокусот е враќањето на достоинствениот изглед на централното градско подрачје, со посебен акцент на местата што со години беа занемарени и оставени без основно одржување, соопштија денеска од Град Скопје.

– Со засилен ангажман и координација на сите градски служби, започнати се интервенции со што се враќа функционалноста, безбедноста и убавината на просторот што секојдневно го користат илјадници граѓани и посетители, се додава во соопштението.

Според градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, се враќа сјајот на Скопје.

Реклама

– Деновиве интензивно се работи на сите страни низ градот. Го средуваме она што со години беше запоставено, а требаше да се одржува секојдневно, затоа што Скопје го заслужува најдоброто. На плоштадот „Македонија“ се заменуваат скршените и пропаднати плочки, фонтаните што подолго време беа оставени на забот на времето, повторно ги враќаме во функција, а пристапните патеки конечно ќе престанат да бидат предизвик и мачнина за граѓаните, наведува градоначалникот.

Скопје мора да биде достоинствен, уреден и убав град, нагласува Ѓорѓиевски, „токму таков како што го паметиме и каков што сакаме да го оставиме за идните генерации“.

– Го правиме тоа за нас, но и за сите гости, кои секојдневно доаѓаат да го запознаат нашиот главен град, додава Ѓорѓиевски.