Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Граѓаните од струмичко од понеделник можат да поднесуваат барања за проценка на штетата од јануарските поплави

Граѓаните кои претрпеа штети од поплавите, од понеделник ќе можат да поднесуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните кои претрпеа штети од поплавите, од понеделник ќе можат да поднесуваат барања до општинската Комисија за проценка на штета, соопштија од локалната самоуправа.

– Заради природната непогода-поплава од пороен дожд предизвикана поради излевање на реки од нивните речни корита на 26 и 27 јануари во населените места, Општина Струмица ги известува сите граѓани кои имаат штети да поднесат барање до Комисијата за проценка и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи при Општина Струмица во период од 02.02.2026 година до 10.02.2026 година. Барањето може да се подигне од канцеларијата број 7 од просториите на Општина Струмица, а истото ќе може и да се симне преку линк објавен на општинската веб страница, се наведува во соопштението.

Секое барање треба да биде поднесено со комплетна документација – имотен лист на име на барателот (не постар од 6 месеци), договор за закуп (доколку постои право на закуп) или решение за оставинска постапка, изјава заверена на нотар дека објектот, имотот, односно оштетеното не се осигурани во осигурителна компанија, копија од лична карта и трансакциска сметка од барателот. Оштетеното или уништеното, ако е објект, мора да е запишано во имотниот лист, ако е земјоделско земјиште мора да е запишано како нива, а ако станува збор за овоштарник да е запишано како овоштарник. Во спротивно барањето нема да се разгледува, односно нема да се изврши проценка на штета.

Реклама

Обилниот дожд од 26 и 27 овој месец најмногу штети предизвика во селото Костурино, каде најдојдените води однесоа 56 овци, една коза и 120 јагниња од бачилото на Никола Колев, како и во селата Муртино и Сачево каде беа поплавени земјоделски површини и дворови.