Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Прилози

Граѓаните ги крпат, власта ги заборави: Струшките мостови потонуваат во негрижа

Струга – градот на мостовите, но со мостови кои се распаѓаат. Измина една година откако петмина стружани самоиницијативно и волонтерски го санираа највисокиот мост на реката Црн Дрим и оттогаш ништо не е сменето. Цела деценија, без грам одговорност, ниту една локална струшка власт со прст не мрдна сериозно да го санира мостот, кој само […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Струга – градот на мостовите, но со мостови кои се распаѓаат. Измина една година откако петмина стружани самоиницијативно и волонтерски го санираа највисокиот мост на реката Црн Дрим и оттогаш ништо не е сменето. Цела деценија, без грам одговорност, ниту една локална струшка власт со прст не мрдна сериозно да го санира мостот, кој само оддалеку плени со својата убавина. Крајно небезбеден, трул и искршен, тој и понатаму претставува опасност.

„За жал, поради негрижа, можеби и поради неправилен третман, некаде во 2011 година целосно беше отстранет, за во 2017 година повторно да се изгради. За жал, можам повторно да констатирам дека и денес се наоѓа во една незавидна состојба. Ние, како граѓани на Струга, пред извесен период самоиницијативно, условно кажано, го закрпивме, меѓутоа ваков мост има потреба од поинаков третман“, вели Коста Хјохи, граѓански активист.

Крајно девастиран, овој мост тешко дека ќе ја доживее староста на претходниот. Секој чекор по него буквално претставува ризик, алармираат граѓанските активисти.

Реклама

„Се работи за посериозен проблем, односно веќе можеме да видиме дека самата конструкција на мостот почнува да трули. Не е безбеден пристапот преку овој мост, особено сега кога е летна сезона и сме сведоци на групи туристи кои доаѓаат. Овој мост е атракција, највисок мост над речното корито на Дрим, па туристите сакаат да ја видат Струга и од оваа перспектива, но тоа го прават на сопствен ризик“, вели Глигорие Ќатоски, граѓански активист.

И не е проблем само највисокиот мост. И Чаршискиот мост неодамна беше во центарот на вниманието поради дефект на водоводната мрежа која поминува под него. Со силни заложби, повторно на граѓанските активисти, проблемот бил саниран, но останува загриженоста поради инсталациите кои се наоѓаат една до друга и можноста за нови проблеми.

„Имаше поголем дефект на водоводната мрежа која поминува под Чаршискиот мост и, со големи маки и граѓански активизам, некако успеавме да го поттикнеме тогашното раководство на Водовод проблемот да биде саниран. Постојат инсталации кои се поставени една до друга, така што веројатно постои можност да се случи некаков куршлус и, не дај Боже, да настане несакан проблем“, вели Коста Хјохи.

Последните интервенции на мостовите, според граѓаните, наместо да го зачуваат нивниот автентичен изглед, биле направени од материјали кои повеќе наликуваат на кич. Стружани бараат мостовите да добијат вистинска грижа, соодветна реконструкција и изглед кој ќе ја одразува традицијата на градот кој некогаш имал 100, а денес има само 10 мостови, од кои два се дрвени.